Исхраната е многу важна алка во синџирот за заштита од бактериски и вирусни инфекции
Исханата е многу важна алка во синџирот за заштита од бактериски и вирусни инфекции и многу често е прашањето како да се храниме во есенскиот период.
Со променливото време очекувано е и поголемо присуство на бактериски и вирусни инфекции.
Во период на настинка потребно е да се внесува храна богата со антиоксиданси, витамини и минерали кои секојдневно ни се достапни преку сезонскиот зеленчук, овошје, мешунките житариците и јаткастите плодови.
Идеални оброци се топлите чорби, особено пилешката или чорба од домати, природно цедените сокови богати со витамини и минерали, чаевите (нане, маточина, хибискус), ферментирани производи (кефир, кисело млеко, туршија, зелка, комбуха) и голема количина на свежо овошје и зеленчук кое изобилува со антиоксиданси.
Оброците да бидат на помало временско растојание и да се внесува храна почесто и помалку и меѓу секој оброк да се внесе напиток кој ќе ја одржи хидрадацијата.
Силниот имунитет ни помага да останеме здрави. Здравата и избалансирана исхрана игра голема улога во зајакнување на имуниот систем, секојдневното внесување на одредена група на намирници може значително да помогне во зајакнување на имунитетот и надминување на многу здравствени состојби.
За добар имунитет и подготвеност на организмот да се бори со сите непријатели потребно е постојано јакнење на имунитетот преку здрав начин на исхрана и здрави навики. Здравата исхрана и навиките околу неа потребно е да се присутни секојдневно.
Важни витамини и минерали за имунитет
Витамин Д
Внесот на витамин Д е важен во исхраната бидејки спречува појава на депресија и го зајакнува имунолошкиот систем и коските.
Витамин Ц
Витаминот Ц е еден од важните витамини за човековиот организам и може многу да помогне во борба со вирусите, бактериите и настинките. Исто така тој е силен антиоксидант и учевствува во многу биолошки процеси во организмот.
Извори на витамин Ц се:
- цитрусни плодови
- коријандер
- мајчина душица
- магдонос
- босилек
- црвената зелка
- шумските плодови
- спанак
- коприва
Витамин Б
Витамин Б најмногу е застапен во зрнестата храна како:
- пченица
- јачмен
- овес
- рж
Се сретнува и во:
- зеленчуците со зелени листови
- месото од домашни птици
- рибата
- јајцата
- јаткастите плодови
- гравот
Селен
Селен – е минерал кој е од големо значење, во организмот се внесува исклучиво преку храна, присутен е скоро во сите намирници, макар и во трагови, а најприсутен е во:
- морските плодови
- рибите
- сардината
- ракчињата
- лигните
Застапен е и во:
- жолчката на јајцата
- бразилското оревче
- јаткастите плодови
Продукти од растително потекло кои се богати со селен се:
- триците
- ркулци од пченица
- пченка
- домат
- квасец
- печурки
- лук
- црн леб
- печива направени од интегрално брашно
Пченката претставува едно од најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен.
Истото се однесува и за лукот, квасецот – особено пивскиот во кој не само што го има во голема количина, туку и се наоѓа во таква биолошки активна форма што лесно се усвојува од страна на организмот.
Цинк
Цинк – е вториот најзастапен минерал веднаш по железото, потребен е за:
- здрав имун систем
- правилна функција на тироидната жлезда
- половите хормони
- одржување на нормално ниво на гликоза во крвта
Храна богата со цинк:
- месо
- мешунки
- морска храна
- семиња (сусам, тиква, сончоглед)
- јаткасти плодови (индиски ореви, лешници, бадеми, ореви)
- житарици (овес, ориз, киноа)
- брокули
Брокулите се богати со витамини А, Ц и Е, антиоксиданси и растителни влакна.
Поради богатството од цинк и корисни нутриенти, големо количевство на витамин Ц во својот состав и Б-витамини играат значајна улога во зајакнување на имунитетот и во подобрувањето на целокупното здравје поради тоа препорачувам секојдневно да бидат застапени во исхраната.
Други корисни намирници за имунитет
Ѓумбир
Уште една намирница која значително помага во многу состојби во организмот со своето антиинфламаторно и антиоксидативно дејство помага и во подобрување на имунитетот е ѓумбирот.
Кефир
Од пробиотиците – Кефирот е идеален ферментиран напиток за имуниот систем, содржи здрави пробиотски култури, добар е за дигестивното здравје и подобро варење на храната, поради содржината на триптофан го подобрува и расположението.
Спанак
Спанак – кој е богат со есенцијални нутриенти:
- флавоноиди
- каротеноиди
- витамин Ц
- витамин Е
значително може да помогне во зајакнување на имунитетот.
Риба
Употребата на риба овозможува внес на:
- омега 3 масни киселини
- селен
- витамин Б12
- ниацин
- фосфор
- магнезиум
- витамин Б6
- фолна киселина
- витамин Д
Цитрусни плодови
Цитрусните плодови се најголем извор на витамин Ц, имаат антибактериско, антиинфламаторно својство и клучна улога за зајакнување на имунитетот.
КАКВА ХРАНА ТРЕБА ДА КОНЗУМИРАМЕ ВО ЛАДНИТЕ ЕСЕНСКИТЕ ДЕНОВИ ЗА ДА НЕ ЗГРЕЕ
Секоја храна или намирница има своја улога и дејство во нашиот организам, некои намирници преку нивното метаболизирање во нашиот организам постигнуваат процес на термогенеза со што го загреваат телото.
Намирници кои помагаат во загревање на телото
Црвено месо
Црвено месо е богато со железо, еден од најважните минерали кој помага во транспорт на кислород во крвта и Б12.
Индиски ореви
Со внесување на неколку јаткасти плодови во текот на денот ќе му помогнеме на телото да се загрее и истовремено да си го зачуваме здравјето во текот на ладните денови со внесените нутриенти.
Лута пиперка
Содржината на растителни влакна, јаглехидрати, протеини и масти како и витамини и минерали и капсицин придонесуваат за загревање на телото, циркулација и зајакнување на имунитетот.
Црн бибер
Има корисен ефект врз циркулацијата на крвта, варењето на храната и го регулира метаболизмот.
Куркума
На кој главна состојка е куркумин – кој има антивоспалителни својства и се смета за еден од најсилните антибиотици.
Ѓумбир
Ја поттикнува циркулацијата, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија, воедно ја поттикнува и будноста и ја зголемува енегијата.
Цимет
Природен антиоксиданс кој го загрева телото, ја зголемува телесната температура, го зголемува протокот на крв и го поттикнува метаболизмот.
