
Што да јадеме во есен за добро здравје?
Исханата е многу важна алка во синџирот за заштита од бактериски и вирусни инфекции и многу често е прашањето како да се храниме во есенскиот период.
Со променливото време очекувано е и поголемо присуство на бактериски и вирусни инфекции.
Во период на настинка потребно е да се внесува храна богата со антиоксиданси, витамини и минерали кои секојдневно ни се достапни преку сезонскиот зеленчук, овошје, мешунките, житариците и јаткастите плодови.
Идеални оброци се топлите чорби,особено пилешката или чорба од домати, природно цедените сокови богати со витаминии минерали чаевите (нане,маточина,хибискус), ферментирани производи(кефир, кисело млеко, туршија,зелка, комбуха) и голема количина на свежо овошје и зеленчук кое изобилува со антиоксиданси.

Оброците да бидат на помало временско растојание и да се внесува храна почесто и помалку и мегу секој оброк да се внесе напиток кој ке ја одржи хидрадацијата.
Силниот имунитет ни помага да останеме здрави. Здравата и избалансирана исхрана игра голема улога во зајакнување на имуниот систем, секојдневното внесување на одредена група на намирници може значително да помогнево зајакнување на имунитетот и надминување на многу здравствени состојби.
За добар имунитет и подготвеност на организмот да се бори со сите непријатели потребно е постојано јакнење на имунитетот преку здрав начин на исхрана и здрави навики.Здравата исхрана и навиките околу неа потребно е да се присутни секојдневно.
Внесот на витамин Д е важен во исхраната бидејки спречува појава на депресија и го зајакнува имунолошкиот систем и коските.
Витаминот Ц е еден од важните витамини за човековиот организам и може многу да помогне во борба со вирусите,бактериите и настинките. Исто така тој е силен антиоксидант и учевствува во многу биолошки процеси во организмот. Извори на витамин Ц се цитрусни плодови,коријандер, мајчина душица, магдонос, босилек,црвената зелка,шумските плодови, спанак, коприва.
Витамин Б најмногу е застапен во зрнестата храна како пченица,јачмен,овес,рж,се сретнуваат и во зеленчуците со зелени листови,месото од домашни птици, рибата,јајцата, јаткасти плодови и гравот.
Селен- е минерал кој е од големо значење,во организмот се внесува исклучиво преку храна, присутен е скоро во сите намирници, макари во трагови, а најприсутен е во морските плодови, рибите, особено во сардината,ракчињата и лигните.Застапен е во жолчката на јајцата каде што е присутени витаминот Е, во бразилското оревче и во јаткастите плодови.
Продукти од растително потекло кои се богатисо селен се триците,ркулци од пченица, пченка,домат, квасец, печурки, лук, црн леб и печива направени од интегрално брашно.
Пченката претставува едно од најбогатите,а истовремно и најдостапни извори на селен.Истото се однесува и за лукот, квасецот-особено пивскиот во кој не само што го има во голема количина, туку и се наоѓа во таква биолошки активна форма што лесно се усвојува од страна на организмот.
Цинк-е вториот најзастапен минерал веднаш по железото, потребен е за здрав имун систем,за правилна функција на тироидната жлезда, половите хормони и за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.
Храна богата со цинк- месо,мешунки,морска храна,семиња-сусам,тиква,сончоглед,јаткасти плодови –индиски ореви, лешници, бадеми, ореви, житарици (овес, ориз, киноа) брокули кои се богати со Витамини А, Ц и Е, антиоксиданси и растителни влакна.
Поради богатството од цинк и корисни нутриенти големо количевство на витамин Ц во својот состави Б-витамини играат значајна улога во зајакнување на имунитетот и во подобрувањето на целокупното здравје поради тоа препорачувам секојдневно да бидат застапени во исхраната.
Уште една намирница која значително помага во многу состојби во организмот со своето антиинфламаторно и антиоксидативно дејство помага и во подобрување на имунитетот е ѓумбирот.Од пробиотиците -Кефирот е идеален ферментиран напиток за имуниот систем,содржи здрави пробиотски култури,добар е за дигестивното здравје и подобро варење на храната,поради содржината на триптофан го подобрува и расположението.
Спанак-кој е богат со есенцијални нутриенти-флавоноиди,каротеноиди,витамин Ц,витамин Е значително може да помогне во зајакнување на имунитетот.Употребата на риба овозможува внес на омега 3-масни киселини на организмот, селен, витамин б12, ниацин, фосфор, магнезиум, Б6 витамин, фолна киселина, витамин Д. Цитрусните плодови се најголем извор на витамин Ц имаат антибактериско,антиинфламаторно својство и клучна улога за зајакнување на имунитетот.

КАКВА ХРАНА ТРЕБА ДА КОНЗУМИРАМЕ ВО ЛАДНИТЕ ЕСЕНСКИТЕ ДЕНОВИ ЗА ДА НЕ ЗГРЕЕ
Секоја храна или намирница има своја улога и дејство во нашиот организам,некој намирници преку нивното метаболизирање во нашиот организам постигнуваат процес на термогенеза со што го загреваат телото.
Некој намирници кои може да се постигне овој процес се:
Црвено месо е богато со железо,еден од најважните минерали кој помага во транспорт на кислород во крвта и Б12.
Индиски ореви- со внесување на неколку јаткасти плодови во текот на денот ќе му помогнеме на телото да се загрее и истовремено да си го зачуваме здравјето во текот на ладните денови со внесените нутриенти.
Лута пиперка-содржината на растителни влакна, јаглехидрати протеини и масти како и витамини и минерали и капсицин придонесуваат за загревање на телото,циркулација и зајакнување на имунитетот.
Црн бибер-има корисен ефект врз циркулацијата на крвта,варењето на храната и го регулира метаболизмот.
Куркума -на кој главна состојка е куркумин- кој има антивоспалителни својства и се смета за еден од најсилните антибиотици.
Ѓумбир- ја поттикнува циркулацијата, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија,воедно ја поттикнува и будноста и ја зголемува енегијата.
Цимет-природен антиоксиданс кој го загрева телото, ја зголемува телесната температура, го зголемува протокот на крв и го поттикнува метаболизмот.
