нутриционист

Нутриционист или фитнес тренер?

July 04, 20251 min read

Нутриционист или фитнес тренер?

Разликата е важна – и двете професии имаат своја вредност.

Во последниве години, здравиот начин на живот стана сè попопуларна тема. Сè повеќе луѓе се свесни дека телото не е проект од 30 дена, туку систем кој бара грижа, знаење и поддршка. И тука најчесто доаѓа прашањето – кој е вистинскиот водич на тој пат: нутриционист или фитнес тренер?

Фокусот на нутриционистот

Нутриционистот се занимава со нутритивните потреби на телото, со анализа на навики, лабораториски вредности, хормонална состојба и дефицити. Работи врз коренот на проблемот, не само врз последиците.

Преку индивидуален пристап и едукативна поддршка, нутриционистот гради план кој е:

• применлив во реален живот

• усогласен со здравствениот статус

• одржлив на долг рок

Како магистер по нутриционизам и личност која секојдневно е посветена на оваа професија, можам одговорно да кажам: промената на телото не започнува во теретана, туку со разбирање на внатрешните процеси. Здравјето се гради одвнатре.

ФИТНЕС НУТРИ

Улогата на фитнес тренерот
Фитнес тренерот има клучна улога во движењето, мотивацијата и градењето дисциплина. Тој е водич на патот кон физичка активност, сила и кондиција. Но, неговата експертиза не вклучува дијагностика на дигестивни нарушувања, хормонален дисбаланс или дефицит на железо, на пример.

Двете улоги се надополнуваат

Наместо да се споредуваат, нутриционистот и тренерот треба да соработуваат. Најдобрите резултати доаѓаат тогаш кога телото се движи, но и кога добива нутритивна поддршка.

Ако чувствуваш дека не добиваш резултати и покрај вежбањето, можеби е време да вклучиш и нутриционист – за да може целосната внатрешна состојба да ја држиме во идеално ниво. 

Потребен  ти е индивидуален план или совет? Закажи консултација преку www.nutriem.mk или јавете ми се на контакт телефонот +389 7838889

Back to Blog