
Здравје во секое зрно - Рогач
Рогачот е мешункаст плод од дрвото Ceratonia siliqua, кое најчесто расте во медитеранските региони,од фамилија (Fabaceae)со темно кафеава боја која е зрел,внатре содржи слатка, пулпеста срцевина и мали, тврди семки. Најчесто се користи во форма на брашно (прав), кое се добива со сушење и мелење на мешунките. Се користи со милениуми, а денес е познат како здрава и природна алтернатива за какао и чоколадото.
Традиционално, рогачот се користел како природен засладувач. Денес, најчеста употреба му е како замена за какао во различни рецепти. Може да се користи во:
Колачи, торти, пудинзи, сладолед, мафини,како замена за чоколадно млеко,чоколадни плочки и енергетски барови.
За разлика од какаото, рогачот не содржи стимуланси, што го прави идеален за луѓе чувствителни на кофеин, деца и доилки.
Има многу помалку маснотии од какаото, што го прави добар избор за оние кои внимаваат на внесот на калории и маснотии.
Содржи голема количина на влакна (околу 40 г на 100 г), кои се клучни и помагаат за:
Дигестивниот систем - при запек и ја регулираат цревната функција.
Ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, што е корисно за луѓе со дијабетес или оние кои сакаат да го стабилизираат нивото на шеќер,придонесуваат за чувство на ситост, помагајќи во намалување на внесот на храна.
Рогачотгачот е одличен извор на калциум (има двојно повеќе калциум од какаото), магнезиум, калиум,железо, манган, селен - минерали се важни за здравјето на коските, нервниот систем и целокупниот метаболизам,како и витамини А, Б2,Б3,Б6, Е.
Брашното од рогач природно не содржи глутен, што го прави одлична опција за луѓе со целијачна болест или нетолеранција на глутен.
Содржи полифеноли и танини, кои се моќни антиоксиданси што помагаат во борбата против слободните радикали и го намалуваат воспалението.
Подобрување на дигестивното здравје:
Рогачот е традиционално познат по неговото антидиаретично дејство, особено кај деца. Неговите танини имаат адстрингентни својства кои помагаат во сушење на столицата и намалување на воспалението во дигестивниот тракт.
Истовремено, високата содржина на растителни влакна (и растворливи и нерастворливи) помага при запек и промовира редовно празнење на цревата. Влакната го зголемуваат волуменот на столицата и го олеснуваат нејзиното движење низ цревата.
Може да помогне при проблеми со варењето како металоиди и некои форми на гастритис.
Иако рогачот е природно сладок, неговите влакна и одредени соединенија (како D-пинитол) можат да помогнат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Ова го прави потенцијално корисен за луѓе со дијабет или пред-дијабетес, бидејќи ја забавува апсорпцијата на гликоза.
Истражувањата покажуваат дека рогачот може да помогне во намалување на вкупниот холестерол и ЛДЛ ( лошиот) холестерол, благодарение на неговите влакна и антиоксидантни соединенија. Ова придонесува за подобро кардиоваскуларното здравје.
Рогачот е богат со полифеноли (како гална киселина, кверцетин) и танини, кои се моќни антиоксиданси. Тие помагаат во борбата против слободните радикали во телото, го намалуваат оксидативен стрес и имаат антиинфламаторни својства и ова може да го намали ризикот од хронични болести.

Високата содржина на калциум (повеќе од млекото и двојно повеќе од какаото) го прави рогачот корисен за одржување на здрави коски и заштита од остеопороза.
Поради високата содржина на влакна, рогачот придонесува за чувство на ситост, што може да помогне во намалување на вкупниот внес на калории и со тоа и контрола на тежината.
Некои студии сугерираат потенцијално антиканцерогено својство благодарение на неговите антиоксиданти.
Може да помогне при кашлица и респираторни потешкотии поради неговите смирувачки својства.