
Крем супа од тиква и морков
Состојки:
400 г тиква (исечкана на коцки)
2 моркови
1 кромид
1 лажица маслиново масло
300 мл вода или зеленчукова супа
100 мл кокосово или обично млеко
½ лажичка куркума
Сол и бибер по вкус
Инструкции
На тивок оган прoпржете го кромидот на маслиново масло додека омекне. Додајте ја тиквата и морковите, налејте со вода или супа и варете приближно 20 минути. Изблендирајте ја смесата и додајте млеко и зачини.
