Оваа лесна и освежителна салата е полна со витамини, минерали и антиоксиданси. Руколата, слаткото јаболко, здравите масти од оревите и протеините од сирењето прават совршена комбинација за здрав оброк или прилог.
Состојки:
150г свежа рукола
1 зелено јаболко, исечено на тенки парчиња
50г ореви
50г козјо или фета сирење
За дресинг: 2-3 лажици ладно цедено масло, 1 лажица природен јаболков оцет или лимонов сок (по избор), 1 лажичка природен мед, морска сол и мелен црн бибер.
Подготовка:
Во голем сад ставете ја измиената рукола и додајте го исечканото јаболко.
Додадете ги оревите и сирењето.
Во посебен сад измешајте ги маслиновото масло, јаболковиот оцет, медот, солта и биберот.
Прелијте ја салатата со дресингот и додајте лимон по вкус.