Менопаузата е значаен период во животот на секоја жена кој носи многу промени во телото вклучувајќи ги и нивоата на холестерол и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Зборуваме со д-р Маја Шушлевска-Павковска, специјалист интернист, супспецијалист кардиолог.
Tаа со нејзините совети ќе ни помогне да ги разбереме овие сложени врски и ќе даде важни совети за одржување на добро кардиоваскуларно здравје во текот на и по менопаузата.
Како менопаузата влијае на нивото на холестерол кај жените?
Во тек преодот од перименопауза кон менопаузата настанува атерогена промена на липидниот профил кај жените со што се зголемува потенцијалот за Кв болести кај жените. Се зголемува ЛДЛ холестеролот (лошиот) ми Триглицеридите, а од друга страна се снижува ХДЛ холестеролот добриот). Постојат силни научни докази дека жените во менопаузата се подложни на изразени негативни кардиометаболни промени за време на овој преоден период.
Кои се ризиците од зголемување на нивото на холестерол во менопауза?
ЛДЛ холестерол е познат атероген фактор кој доведува до зголемена крутост на крвните садови како и аортата, што доведува до оптоварување на срцето. Исто така се зголемува можноста за создавање на т.н. меки плаки склони кон ненадејно прскање кое резлутира со акутно создавање на тромби во срцевите или мозочните крвни садови или други крвни садови.
Кои промени во исхраната можат да помогнат во одржување на здраво ниво на холестерол за време на менопаузата?
Внесувањето на свежа храна (овошје и зеленчук) богата со многу витамини, минерали и антиоксиданси, како и растителни влакна, можат да го подобрат значително метаболниот и липидниот профил кај жените во менопауза. Од една страна, ваквиот тип исхрана со низок гликемичен индекс влијае поволно на инсулинската резистенција и го индиректно го подобрува ЛДЛ холестеролот и триглицеридите, од друга страна се намалува апсорпцијата на холестерол внесен преку исхраната во тенкото црево.
Како менопаузата влијае на балансот помеѓу HDL (добар) и LDL (лош) холестерол?
За жал, менопаузата влијае во двата правца негативно, односно се зголемува концентрацијта на ЛДЛ холестеролот, кој има улога да го транспортира холестеролто во ѕидот на крвните садови, а го намалува нивото на добриот, заштитен холстерол која холестеролот од циркулацијата го мобилизира кон црниот дроб.
Кои се факторите на ризик за срцеви заболувања кај жените во менопауза поврзани со холестеролот?
Со падот на естрогените кај жените во менопауза настануваат глобални промени кои пред се ја рефлектираат загубата на ефектот на естрогените во смисол на нивниот вазодилататорен ефект, па се јавива покачување на крвнипт притисок, а тој е општо познат сериозен ризик фактор за срцеви заболувања, но ризиците се множат со тоа што во менопаузата се влошува холестеролскиот профил. Истотака се јавуваат болки во зглобовите, топли бранови, се јавува ризик од остеопороза, намалено расположение и намалена толернација на физички напор, намалена кондиција, со што индиректно се влијае на кардиореспираторниот капацитет.
Дали е важно редовно да се следи нивото на холестерол во текот на менопаузата и како тоа влијае на превенцијата на болести?
Несомнено многу е важно да се следи нивото на холестеролот , секако по калсифицирање на особата спрема нејзините индувидиални и смеејни ризици за КВ заблувања, во смисол на перидоот кога е зпаочната менопуаза (прерана менопауза во 4 иили 5та деценија), присутна хипертензија, пушење, дијабет, обезност, семејна ананмеза позитивна за КВ заболувања. Доколу постојат веќе овие ризик фактори или оштетување предизвикани од нив, вредноста на ЛДЛ холестеролот која се планира да се постигне е соодветна, Така кај една здрава жеана која влегува во менопуаза би толерирале ЛДЛ холестерол кој е граничен или благо покачен, но кај жена која има дијабет и/или покачен крвен пртиисок ЛДЛ холестеролот треба да биде значајно понизок.
Какви физички активности се препорачуваат за жени во менопауза за намалување на ризикот од висок холестерол?
Се препорачуваат кардиовежби, кои го јакнат капацитетот на срцето и белите дорбови, но особено важно и вежби на резистенција кои ги чуваат мускулите што е многу важно, бидејќи со настапувањето на менопауата загубата на мускулатурата е неизбеже и постојан процес,. Единствен начин да му се спротовставиме е со изометрички вежби.
Каква улога има генетиката во нивото на холестерол кај жените во менопауза?
Жените кои имаат генетски предиспозиции за покачен холестерол ( на ниво на рецепторите за ЛДЛ, ПЦКС и апоб) со настапувањето на менопаузата дополнително се изложени на повисоки ниво на лдл холестерол со што ризикот од КВ заболувања нагло расте, споредено со мажите на истата возраст, нешто што во минатото било спортивно перцепирано, дека жените генерално имаат понизок ризик од срцев удар.
Какви тестови и прегледи се препорачуваат за жени во менопауза?
Се препорачува лабораториски тестови за општа биохемија, тироидна функција, електролити, маркери за остеопороза, хдл, лдл, липопротеин а, хомоцистеин, витамин д статус, базичен кардиолошки преглед, преглед на каротидите и стрес тест.
Кој суплементи се препорачуваат за одржување на здраво срце во менопауза?
Вообичаено се препорачува Д витамин, омега 3 масни киселини, пребиотици за микробиомот во цревата, ресвератрол, коензим Q 10, магнезиум, по потреба за покачен холестерол се даваат растворливи влакна и поликозанол, или по потреба препарат на црвен ориз.
Дали менопаузата може да го зголеми и на кој начин ризикот од развој на висок крвен притисок и какви се препораките за негово контролирање?
Менопаузата претставува премин во друга физиолошка состојба на женското здравје, односно порцес на стареење со што можноста за појава на висок крвен притисок е реланост, но не и неизбежност. Редукцијата на телесната тежина, квалитетниот сон, правилната исхрана и редовната фиизлка активност можат да ја одложат па дури и спречат појавата на висок крвен притисок.
Колку важна е физичката активност за жени во менопауза во одржување на здраво срце и крвни садови?
Физичката активност во менопауза е исклучително важна за срцето и крвните садови, таа го намалува периферниот отпор, овозможува синтеза на НО азотен моноксид кој е природен вазодилататор, секреција на миокини од мускулите и ендорфини од нервниот систем што севкупно всушност водат кон рејувенација на целиот организам, не само на крвните садови. Физичката активност има антининфламаторен ефект и го намалува и ризикот за канцерогени заболувања.
Како може да се намали ризикот од срцеви заболувања ако имам историја на кардиоваскуларни болести во семејството?
Во случај на позитивна семејна анамнеза за срцеви заболувања, ризикот од срцеви заболувања може да се намали со ригорозна контрола на ризик факторите и соодветно лекување на веќе стекнатите состојби (висок крвен притисок, аритмија, хиперхолестеролемија, пред-дијабет и дијабет, дебелина, хиперхомоцистеинемија, тртомбофилија, навремено препознавање на тироидни заболувања
Колку стресот игра улога во развојот на срцеви заболувања кај жени во менопауза?
Стресот е дебилитирачки фактор кој го зема својот данок и бара системски пристап во неговито решавање. Но, секоја индивидуа носи лична одговорност во освестување на проблемот со стресот и преземање чекори за негово совладување. Големо влијание игра домашното воспитување од најраната возраст, кога се гради правилен став спрема сопственото здравје. Индивидуи кои се хранат правилно, физички се редовно активно, обично имаат редовен и квалитетен сон и помал ризик од КВ заболувања. Хиперкортизолемијата и високите нивоа на катехоламини типични за хроничниот стрес ги исцрпуваат физиолошките одбранбени механизми и делуваат на повеќе начини негативно на нашето здравје, па во одредени ситуации може да се користат т.н адаптогени препарати кои ја смируваат оската помеѓу мозокот (хипоталамусот) и надбубрежните жлезди.
Дали постојат специфични препарати или лекови кои можат да помогнат во заштита од срцеви болести за време на менопауза?
Тоа се класичните медикаменти за покачен крвен притисок, за маснотии, антитромботици.
Кои се најчестите симптоми на срцев удар кај жени во менопауза и како да ги препознаеме?
Постојат разлики во клиничката слика на срцев удар кај мажите и жените, додека кај мажите почесто и типично срцевиот удар се манифестира како болка ,притисок, стегање во градите во предсрцевиот предел, кај жените во значаен дел симптомите се манифестираат како мачнина, слабост вртоглациа и болка во рамењата. Особено е важно да го процениме ризикот за срцев удар кај жената во менопауза и да направиме тестирање со стрес тест за навремено да откриеме евентуално стеснување на крвните садови. Друга карактеристика на срцевиот удар која почесто ја среќаваме кај жените е што во 5-10% кај нив се среќава заболување (дисфункција) на малите крвни садови, па можно е да настане срцев удар, а на коронарографија да се најдат чисти големи крвни садови,тн МИНОКА (myocardial infarction with non-obstructive coronary arteries).
Дали редовно следење на нивото на крвниот притисок и холестерол е доволно за заштита од срцеви заболувања во менопауза?
Покачениот крвен притисок и холестеролот се само два од повеќето ризик фактори во генезата на срцевите заболувања, многу е важно да се обрне внимание на редовната физичка активност и стресот, но пред се на исхраната бидејќи свесниот пристап кон квалитетна исхрана значи балансиран внес на есенцијални и нутритивни материи кои го ревитализираат организмот, спречуваат инфламација и стареење и овозможуваат оптимална функција на целиот организам.